Со радост ве покануваме на нашата свадбена прослава 🎉

Aleksandra&Slavko

Сабота, 12 септември 2026

Ресторан Дворец · Скопје

Ве покануваат фамилиите\urovi i Kazakovi

Ве молиме потврдете

Потврдете присуство

Ве молиме одговорете најдоцна до 15 август 2026 — за да знаеме колку столчиња (и торта) ни требаат.

Ќе присуствувате ли? *

Изберете една од опциите подолу.

Имате ли посебни барања за исхраната?

Изберете, за да го известиме готвачот.

Полињата означени со * се задолжителни.

Одбројување

До нашето „Да“

00Денови
00Часови
00Минути
00Секунди

Неколку збора

За нас

Нашите патувања
Александра Ѓурова
Свети Николе · 18 март 1994

Александра Ѓурова

„Сани“

Архитект на хартија, програмер во реалноста.

Тенисот е резервиран за Федерер и Алкараз, викендите за сложувалки, а How I Met Your Mother за „само уште една епизода“.

Славко Казаков
Велес · 16 мај 1993

Славко Казаков

Кодот му е работа, риболовот терапија, Манчестер Јунајтед му е најголема пасија.

Далечинскиот најчесто завршува на спортски канал – без разлика дали е тенис, фудбал, скијање или снукер.

Сите патишта водат до Дворец

Сабота, 12 септември 2026

Со нас на овој ден

Кумови

Луѓе што не само што стојат до нас денес — туку стојат до нас секој ден.

Кум — Бојан Марковски
Кум

Бојан Марковски

со сопругата Петра и децата Марија и Теодора

Пријател и брат по избор — човек на кого му веруваме во секој миг.

Старосватица — Кристина Богеска
Старосватица

Кристина Богеска

со вереникот Саша

Сестра по срце — со неа ги делиме и радостите и тивките денови.

Кога и каде

Детали за настанот

Почнуваме со венчавка во Свети Илија, а потоа сите заедно во Дворец.

ПРОГРАМА

А & С

Свети Илија

Дворец

17:00
ВенчавкаСВ. ИЛИЈА
18:30
МатичноДВОРЕЦ
19:00
ПриемДВОРЕЦ
20:00
Прв танцДВОРЕЦ
ДАТУМ
12.09.2026
ОБЛЕКА
Свечена облека
Поштенска марка · Рим
ВЕНЧАВКАОТВОРИ →

Црква Свети Илија

Општина Аеродром, Скопје

Ресторан Дворец

Скопје

Музика во живо

Владимир и Нео бенд

Владимир и Нео бенд

Јованка ЈО

Јованка ЈО

Каде ќе биде веселбата

Ресторан Дворец

Цела вечер сме на отворено, покрај Вардар. Еве неколку ситници — за да ви биде поудобно и да не речете дека не сме ве предупредиле.

На отворено

Сè е под отворено небо

Облечете се за вечер на отворено — покрај Вардар знае пријатно да освежи, па фрлете нешто преку рамо за секој случај.

Локација

Лесно за наоѓање, покрај Вардар

На неколку минути од центарот, со паркинг пред ресторанот — нема да кружите барајќи место.

Мал совет

Понесете Autan против комарци

Лето е, опкружени сме со зеленило, а и комарците сакаат веселби. Autan-от ви е најдобар пријател.

Дали го потврдивте присуството?

Ако не — само вашето име и ДА или НЕ.

Потврди присуство